Вести Економија Топ вести

Опасната Листерија пронајдена во виршли од брендот Вуди

Виршлите Вуди се повлекуваат од пазарот во Македонија, бидејќи е откриена бактерија листерија во овој производ во Италија. Случајот е откриен  откако се појавило труење кај потрошувачи кои ги купиле виршлите Вуди, а присуството на бактеријата е и лабораториски потврдено. Од спорната серија производи има увезено и во земјава поради што агенцијата извршила вонреден инспекциски надзор и нареди да се повлечат сите количини од посочените серии.

Во компанијата увозник  е извршен вонреден инспекциски надзор. Утврдено е дека од спорните серии, кои во земјава биле увезени во неколку наврати, во магацините се наоѓаат 3 030 килограми, кои се ставени под службен надзор. Овие количини, нештетно ќе бидат уништени заедно со количините кои ќе бидат повлечени од пазарот, велат од АХВ.

Компанијата Колид С која е увозник на овој производ за Македонија информира декза случајот се известени пред два дена.

Во врска со информацијата за пронајдена бактерија кај дел од производите на Вуди, на 20.09.2022 добивме известување дека како мерка на претпазливост треба да стопираме продажба на неколку ЛОТ броеви од производите на Вуди Италија. Во меѓувреме од Агенцијата за Храна и Ветерина добивме информација дека станува збор за Listeria Monocitogenes, што делумно се разликува од ставот на производителот АИА Италија испратен на 22.09.2022, велат од компанијата.

Од компанијата производител велат дека поради многу топлото лето и можноста од несоодветен транспорт,  чување и консумација на производот кои не се во согласност со инструкциите на амбалажата на производот, компанијата производител одлучила да преземе поголеми мерки на претпазливост со цел поголема заштита на потрошувачите. Компанијата  информира  дека производите кои се повлекуваат од продажба се безбедни за консумирање доколку истите се соодветно чувани и консумирани согласно инструкциите за чување и приготвување истакнати на пакувањето на производот.

Од агенцијата за храна порачуваат сите граѓани кои ги купиле виршлите Вуди да не ги употребуваат, туку да ги вратат од местото каде што ги набавиле.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе