Вести Економија Топ вести

Доларот урива рекорди, а еврото е на најниско ниво во последните 20 години

Сериозниот скок на доларот во однос на еврото значително ќе го поскапи и домашното задолжување. Вредноста на европската валута е на рекордно најниско ниво во последните две дециии, а доларот го достигна врвот. Домашните екперти велат дека ваквата состојба со двете валути е добра за домашните извозници, лоша за увозниците, но ќе повлече и поскапување на парите на меѓународните пазари, од каде се очекува македонската влада да црпи средства за покривање на тековните обврски и буџетскиот дефицит.

Мораме да бидеме свесни дека во фокусот не е само трговскиот баланс на земјава, туку дека Македонија ќе мора да го покрива и буџетскиот дефицит и долговите со задолжување, и тука ќе има проблем во тој дел, односно проблем да се обезбедат средства за буџетските потреби, а позитивно ќе делува на извозниците, вели за Телма Зоран Ивановски, финансиски аналитичар.

Ивановски не очекува падот на еврото да предизвика проблеми кај штедните влогови на граѓаните во оваа валута.

За штедните влогови не гледам причина за конверзија, еврото е стабилна валута, штедните влогови се стабилни, но оној кој сака да заработи можеби ќе се одлучи да штеди во долари. Јас би препорачал секој да иневстира,  околку колку што може да дозволи да загуби. И оваа промена на курсот се рефлектира и на девизните пазари и оние кои сега тоа го прават не мора да значи дека во идина ќе  заработат,  затоа што е многу тешко да се предвиди како ќе се движат валутите, особено еврото и на доларот, додава Ивановски.

Падот на еврото се должи на последната објава на Русија за мобилизација. Растот пак на доларот освен на оваа, влијае и на останатите валути.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Европа ја лансира Аријана 6 во вселената

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

ЕП го усвои извештајот на Вајц со барањето за историската комисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе