Вести Економија Топ вести

Битиќи во Вин Вин: Сме се справиле и со потешки ситуации

Вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи рече дека не очекува пакети за директно фискално помагање на земјите во опкружувањето на ЕУ, туку очекува одлуки кои што би стабилизирале одредени состојби.

Одлуките на ЕУ надвор од евентуалните фискални пакети, кои сѐ уште не се обзнаени, такви сѐ уште немаме видено. Одлуките кои што можат да ги донесат, можат директно да влијаат врз понатамошните состојби. На пример, одлуката дека можат да ограничат максимална цена на струјата во ЕУ, надвор од струјата која се произведува од гас, ќе укаже дека во суштина ние кои што сме зависни од увоз на електрична енергија, а се водиме по унгарската бер3а директно ќе влијае на цената која што нашите стопанственици и ние како влада би требало да ја купиме. Имаше веќе најава дека ќе сакаат да дефинираат цена од 180 евра мегават, посочи Битиќи.

Вели дека владата не се откажува од преговорите со Бугарија за набавка на електрична енергија.

Штетата е веќе направена, штетата ја имаме тука. Никој не можеше да предвиди, и најдобрите стручњаци во светот во делот на енергетиката не можеше да предвиди дека ќе се случи ова што се случува. Пред само 7 денови имавме пик на ел енергија во одредени берзи на 1.000 евра мегават. Денеска е 400 за мегават, утре ќе биде 390. Таа е сѐ уште многу поскапа од таа што вообичаено сме ја имале, рече Битиќи.

Проекциите на последниот ребаланс се покажуваат како неточни предвидувања, порастот на инфлацијата изнесува 16,8 проценти, а НБРМ веќе три пати ја корегираше референтната стапка. Битиќи вели дека во периоди на кризи владата може многу малку да влијае, но искажа оптимизам за иднината.

Сме се справиле и со потешки ситуации, ќе се справиме и со излегување од рецесија, како земја. Економијата покажа дека е доволно флексибилна да се справи со сето тоа, ако има добар партнер во владата, а ние во текот на ковид периодот покажавме дека сме добар партнер. Затоа јас не стравувам премногу дали ќе влеземе во рецесија. Одлуките кои што во моментов различните чинители ги носат даваат ефект. Сакаме да го намалиме притисокот од зголемувањето на инфлацијата на ниво кое ќе биде неиздржливо, посочи Битиќи.

Вицепремиерот очекува до крајот на годината просекот на инфлација да се задржи на околу 10 – 11 проценти, што според него би било доста добра стапка на инфлација. Запрашан што владата смета за неразумна стапка на инфлација, Битиќи рече „се што е над 20 проценти“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Полицијата ги проверува базните станици и телефоните на родителите на исчезнатото девојче во Србија

Дејан Дејан

Путин: Нема да го нападнеме НАТО, но ќе ги соборуваме ловците Ф-16 во Украина

Дејан Дејан

Војската на САД уништи дронови на Хутите од Јемен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе