Емисии Ферплеј

ФЕРПЛЕЈ СО ЈАНА – Македонија има нов Национален рекорд во спелеологија.

Дарко Неданоски беше дел од меѓународната експедиција „Скалар“ во Словенија и е првиот Македонец кој летово се најде на – 1.200 метри во внатрешноста на планината Канин. Со искуствата и впечатоците оттаму, викендов го пречекавме во нашето студио.

Дознавме, како човек преживува и функционира шест дена без сончева светлина и во услови каде влагата е на многу високо ниво? Како минуваат подготовките на телото и умот за преживување во вакви екстремни услови? Дали е тешко, и дали некогаш се покајал што одлучил да учествува во вакви подвизи?

На Матка, Дарко практично ни ги покажа основите техники за спасување со јаже, а таму не запозна и со неговите пријатели од спелеонуркачкиот клуб „Врело“. Тие традиционално, на 8 септември нуркаат во една од најатрактивните пештери под вода во Македонија, па и пошироко.

Гледајте нè, секоја недела во 16:15 на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема – Како Судскиот совет санкционира судии? 04.07.2025

Дејан Дејан

Вин Вин 03.07.2025

Дејан Дејан

Топ Тема Интервју со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски 02.07.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе