Вести Економија Топ вести

Чифлиганец оптимист дека ќе се договори со ЕСМ за скопјани да не останат без парно греење

Сопственикот на Адора Инжењеринг Чифлиганец е оптимист дека деновиве ќе се договорат со  ЕСМ за топланите Исток и Запад.  Ванчо Чифлиганец ги купи овие две топлани  од Топлификација уште во септемрви 2021 година  по цена од 9, 26 милиони евра.  Но сега е неопходно ЕСМ да склучи со Адора или догоор за закуп или за сопственост на овие два објекти за да може да ја добие и третата лиценца, за производство на топлинска енергија за да може да набавува гас и да произведува.

  • Адора инженеринг пред 13 месеци на јавна транспарентна лицитација ги купи Топланите Исток и Запад за 9,26 милиони евра со сите даноци и за оваа година претрпе огромни штети, бидејќи иако Адора инженеринг стана сопственик на Топланите, нема добиено ниту владение врз купениот имот од страна на Топлификација АД во стечај и БЕГ, ниту има наплатено надомест за нивното користење. Се очекува деновиве двете страни да постигнат согласност за најавената купопродажба на Топланите Исток и Запад. Адора инженеринг е согласна да го продаде имотот по истата цена по која го купила и секако очекува да и бидат исплатени досегашните побарувања за користење и амортизација на имотот што законски следувааат, се вели во дописот од компанијата.

Во моментов ЕСМ ги има лиценците за снабдување и дистрибуција, а откако ќе падне договор со АДОРА,  ќе биде објавен нов  оглас за добивање на лиценцата за производство на топлинска енергија.

Грејната сезона почнува на 15 октомври , најрано пак парното може да се вклучи на 1 октомрви, ако температурите се ниски. Сепак,  се уште нема одговор  од властите,  од каде и кога ќе се набават потребните количини на гас.

Нема се уште ниту  информација  дали ТЕТО ќе се согласи да покрива 70 проценти од потребите на топлинска енергија и дали ќе работи 24 часа и ќе генерира струја.

ЕСМ се согласи да го преземе парното греење, откако  БЕГ  ги загуби  трите лиценци. За да може да ја врши работата на Балкан Енерџи ,  државните електрани  формираа и три компании, за снабдување, дистибуција  и произвдоство. Во моментов се врши екипирање на фирмите. Според информациите од 300 те вработени во БЕГ , ЕСМ ќе ангажира околу 130 лица. А вкупната бројка на вработнеите во трите претпријатија на електрани ќе биде 310 работници. Најголем дел ќе бидат ангажирани во ЕСМ дистрибуција.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе