Вести Економија

Септемврските пензии повисоки за 6,8 отсто, исплата почнува од 29 септември

Владата на денешната седница ја усвои редовната Информација за исплата на пензии за тековниот месец, при што го задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.09.2022 година.

Како што  информира владината Прес-служба, се препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со септемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29.09.2022 година.

– Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензиите и тоа за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.09.2022 година (четврток); за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.09.2022 година (петок); за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 03.10.2022 година (понеделник) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 04.10.2022 година (вторник), се додава во соопштението.

Од Владата информираа дека со септемвриската пензија, пензионерите на крајот на месецов ќе добијат повисоки пензии за 6,8 отсто, согласно методологијата одобрена во март годинава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕП го усвои извештајот на Вајц со барањето за историската комисија

Дејан Дејан

40 проценти од владините ветувања на половина од мандатот не се исполнети, а целосно се реализирани само 13%

Дејан Дејан

Банкарите уверуваат : Ако има зголемување на каматите тоа ќе биде постепено, одлуката на НБРМ не ги изненадила

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе