Вести Економија Топ вести

На земјава и се заканува најголемиот недостиг на млеко, сточарите почнаа да ги продаваат кравите

Тони Петковски од  битолското село Велушина има 10 молзни крави и годишно произведува 40 тони млеко. Но, вели со ниската откупна цена и без поддршка од државата, работи со загуба и млекопроизводството е веќе неисплатливо.

-Ситуацијата е многу тешка, работа, трошоци еден куп, а цената на нашето произведено млеко е многу ниска. Субвенциите многу доцнат. Ако ги земаме редовно субвенциите можеби ќе с е покриеме некако, ама како што не се редовни ситуацијата  е опасна, вели Тони Петковски, сточар од Велушина.

Сточниот фонд во Пелагонија е десеткуван, а производството на млеко  драматично се намалува.  Сточарите со години наназад предупредуваа и бараа подршка од државата. Сега велат е веќе доцна, млеко ќе има се помалку.

-Додека млечната криза чука на вртите, пелагониските сточари ги продаваат кравите и велат дека на Македонија и се заканува најголемиот недостиг на млеко.

И останатите сточари  веќе губат надеж дека работите можат да се подобрат.

-Кој ќе го натераш во штала да молзи  со таа цена на млекото од 25 денари? Една крава дневно јаде  дупло. Секој месец сме повеќе во долгови и   ќе откажеме сите. Децата ќе пијат прашак од увоз, вели Валер Усеиновски, сточар од Граешници

Пелагониските млекопроизводители и денеска побараа Владата да им ги исплати субвенциите за две години наназад.

-Секој ден го носам млекото од Острец, а секој да го носиш млекото  се троши нафта. Скапо е да ги чуваш крвните, ние не можеме да се прехраниме. Дојде многу тешка работата, вели  Вастри Лика сточар од Острец.

Кога ќе им бидат исплатена државната помош на сточарите и дали државата има стратегија како ќе се справи со недостигот на млеко, се прашањата што Телма ги упати до Министерството за земјоделство, на кои очекуваме одговор. Во меѓувреме додека млекопроизводителите се на работ од егзистенцијата, малопродажната цена на млекото и млечните производи последните месеци уриваат рекорди. Веќе се најавува ново поскапување, а министерот за економија Крешник Бектеши вчера рече дека ограничувањето на маржата за млекото и млечните производи која важи до крајот на месецов , ќе продолжи до крајот на годината, иако оваа мерка не го спречи вртоглавиот пораст на цените.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе