Вести Економија

Владата во Турција по струја и гас

Владата во Турција по струја и гас. Министерот  за економија Бектеши, директорот на Мепсо Орхан Муртезани и на НЕР Бајрам Реџепи,  до крајот на  неделава ќе отпатуваат за Истанбул.  Ќе се преговара со Турски  Боташ, државна  компанија за пренос на гас за да се обезбедат одредени количиини од овој енергенс по поволна цена.

Од 15 Октомври ќе почне грејната сезона а се уште е неизвесно дали ќе се набават потребните лколичини гас за скопските топлани. Од Макпетрол велат дека ЕСМ доставило до Макпетрол барање за понуда за набавка на гас за топланите за што од страна на Макпетрол уште истиот ден е позитивно одговорено. Имајќи предвид дека количините за природен гас се потврдуваат во тековниот месец за наредниот , од Макпетрол е доставена профактура за количините на гас за месец октомври за топланите Исток и Запад , но до денеска нема одговор од ЕСМ. Крајниот рок за потврдување на количините на гас од странскиот добавувач е 20 Септември велат од Макпетрол .

Освен за гас , во Турција Владата  ќе  преговара и за набавка на одредени количини електрична енергија.  Се надвеаат дека  во најскоро време  за струја ќе се постигне  и договор и со Бугарија иако  преговорите  со оваа земја се отежнати  затоа што Бугарија е земја членка на ЕУ и  не може да се постигне  билатерален договор.  Не се знае ниту по која цена бис е испорачала  оваа струја доколку договор биде псотигнат.  Барањето на македонската влада е еден мегавт да не чини повеќе од 180 евра.

Претходно Владата беше во посета и на Грција , каде се договори испорака на одреднеи количини на јаглен и мазут.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе