Вести Економија

Пелагониските млекопроизводители заборавени од државата

Пелагониските млекопроизводители се жалат дека и во услови на млечна криза  и недостиг на млеко, државата  заборави на нив и речиси две години ги остави без субвенции. Велат дека се на работ на егзистенција и доколку веднаш не им биде исплатена државната помош, се принудени да ги продадат кравите.

-Сега сме на праг на прибирање на сточната храна и есенската сеидба. Ако сега не ги добиеме субвенциите до крајот на месецот, има сточари кои не можат да соберат храна и не можат да посеат никаква житарица, наредната година ќе биде уште полоша, вели Тони Петковски, претседател на здружението на млекопроизводители „Пелагонсико поле

Поради недостигот на млеко и преполовениот  сточниот фонд, Македонија ќе се соочи со уште подлабока млечна криза, а цените и натаму незапирлив  растат, додека откупната цена на млекото е неисплатлива, велат сточарите.

-Еден лек е 500 денари, а кг кашкавал е 800 денари. Малопродажната цена е висока, а откупната цена е од 23 до 28 денари. Во многу наврати апелиравме дека малите производители ги продаваат кравите, ама Владата тоа не ја интересираше. Сега најавуваат млечна криза, ама нема од кај да купиме млеко, затоа што секаде е проблемот голем, вели Петковски

-Сточниот фонд се намалува затоа што ниски се цените на млекото, а сточната храната е скапа. Да ни се исплатат субвенциите, за да можеме да прибериме храна за стоката, вели Илче Чокузовски, сточар од село Трн

Млекопроизводителите велат дека се во исклучително тешка состојба, поради што бараат Владата до крајот на месецот да им ги исплати заостанатите субвенции, во спротивно најавуваат радикални простести со блокади на патишта.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе