Вести Економија Топ вести

Американската централна банка со историско зголемување на каматната стапка

Високата инфлација која не покажува знаци на забавување најверојатно ќе ја принуди американската централна банка да прибегне кон најголемото зголемување на основната каматна стапка во последните 40 години.

Последниот извештај за инфлацијата во американската економија и истражувањето спроведено од Иницијативата за светски пазари и Универзитетот во Чикаго, сугерираат дека централната банка нема во брзо време да ја напушти праксата на затегање на монетарната политика.

Последното зголемување на каматната стапка од страна на Федералната комисија за отворен пазар, е најбрзото зголемување уште од 1981 година, а задутре најверојатно ќе бидат приморани и трет пат да ја зголемат основната каматна стапка за 0.75 процентни поени, со што основната каматна стапка ќе се искачи на 3.25 проценти, која во март оваа година се движеше околу нулата.

Економистите од брокерската куќа „Номура секјуритис“ очекуваат референтната краткорочна стапка да се зголеми дури за цел процентен поен.

Продолжуваме да веруваме дека пазарите потценуваат колку е вкоренета американската инфлација и големината на одговорот што најверојатно ќе се бара од ФЕД за да ја задржи, напишаа економистите на Номура во белешката до клиентите.

Дека каматната стапка ќе продолжи да се зголемува покажува и истражувањето на Фајненшл тајмс, кои минатата недела контактирале 44 економисти. Дури 70 проценти од нив веруваат дека каматната стапка ќе се стабилизира помеѓу 4 и 5 проценти, а 20 проценти од анкетираните економисти очекуваат таа да ја надмине таа граница.

На последните два состаноци, Федералниот комитет за отворен пазар ја зголеми целната стапка за 0,75 поени. Во август, индексот на потрошувачките цени порасна за слаби 0,1%, главно поради новиот голем пад на цените на енергијата, додека годишното темпо на инфлација благо забави од 8,5% на 8,3%. Таканаречената основна стапка на потрошувачка на инфлација порасна на годишно темпо од 6,3% во август од 5,9% во претходниот месец, покажуваат податоците на Бирото за статистика на трудот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе