Вести Економија Топ вести

Нема договор по која цена Македонија ќе ја купува струјата од Бугарија

Нема договор околу цената по која Македонија ќе ја купува струјата од Бугарија во престојниот период. Денеска во Софија се одржа првата средба меѓу двете работни групи  на кои треба да се прецизираат деталите околу цената по мегават час како и трошоците на транспортот на базната струја односно евентаулниот закуп на прекугранични капацитети.

Македонската делгација ја водат директорите на ЕСМ и МЕПСО, Ковачевски и Муртезани како и  советникот на премиерот Андонов а посред најавите ќе се одржи уште една средба во понеделник, бидејќи договор мора да се постигне до крајот ма месецот.

Проблемот со цената по која ќе се закупува струјата од Бугарија лежи во фактот што Бугарија е членка на ЕУ каде важат стриктни регулативи за продажба на електрична енергија на слобдниот пазар.

Според најавите нашата делегација очекува да издејству цена пониска за најмалку 15 отсто од онаа во моментот на берзата.

Договорот за помош со електрична енергија начелно беше постигнат на  5 септември на средбата меѓу премиерот Ковачевски и неговиот бугарски колега Донев во Софија. Иако без прецизирани детали, тогаш беше соопштено дека станува збор за колучина меѓу 4 и 5 гигавати струја дневно но и помош при транспорт на гас и складиарње во постоечките капацитети во Бугарија.

За електричаната енергија која што ќе биде испорачана од Бугарија веќе има побарувања од повеќе страни. Бизнис заедницата и најголемите индустриски капацитети, од кои дел веќе ги изгаснаа погоните поради високите сметки за потрошена струја, се први на листата а со исто барање се јавија и Јавните комунални претпријатија кои се соочуваат со банкротирање исто така поради сумите кои на месечно ниво ги плаќаат за портошена електрична енергија

Во вторникот пак падна договор и со Грција за непречено снабдување со неопходните енергенси за производство на електрична енергија – јаглен, лигнит и мазут, повторно на средба на премиерско ниво, Ковачевски – Мицотакис. Клучно е што и доколку во Грција се донесе евентуална забрана за извоз на овие енергенси таа нема да важи за Македонија.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе