Вести Економија Македонија Најважни

Сметките за струја ги изгасија машините во неколку индустриски гиганти

Поради високите трошоци за струја некои големи индустриски капацитети го запреа производството, истакна првиот човек на стопанската комора Азески.

Неизвесно е дали во најскоро време тие ќе почнат повторно да работат.  Нивните трошоци за електрична енергија се зголемени од 3 до 6 пати.

Затоа денеска во комората 10 најголеми фирми на состанок со министерот  Бектеши се договорија до вторник да достават листа на барања до владата, кои треба да им помогнат за да ги задржат вработените и да  можат да работат.

„Некои и не работат, како Фени. Од таму кажаа дека треба да одлучат дали ќе го активираат производството на први октомври,  така што кај сите е различно,  но сите изразија очекување дека им треба помош затоа што не се конкурентни со соседите, каде цените за струјата се регулирани“ – рече Бранко Азески- претседател  на СКМ

Од владата пак очекуваат дека ќе обезбедат струја од Бугарија по цени пониски од оние на  берзите по кои работат големите фирми во земјава.

Утре работните групи ќе одат во Софија, за да се договорат деталите околу цената и испораката на електричната енергија.

До крајот на месецов ќе се знае точно што ќе содржи пакетот помош за бизнисот. Она што се знае дека приоротет ќе бидат компаниите кои  произведуваат и извезуваат.

Бизнисот подолго време се бори со високите трошоци за струја и бара помош од државата.

Но, до сега се донесе само одлука со која се ограничија маржите на 10 отсто на трогвците со струја.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе