Вести Економија Топ вести

Како Владата ќе го убеди ТЕ-ТО да продава поефтина струја за индустријата во екот на енергетската криза?

Телефонски разговори на оперативно ниво. Ова е начинот на кој се преговара соработката и поддршката од ТЕ-ТО во претстојниот период. Струјата на ТЕ-ТО е клучна според Владата и ќе биде потребна за индустријата. Од компанијата се на став, немаме ниту потреба ниту обврска да работиме постојано. ТЕ-ТО има гас за до крајот на овој месец, додека директорот на ЕСМ Ковачевски тврди дека залихите се за еден месец повеќе. Доколку се постигне договор, обврската за набaвка на гас треба да ја превземе државата.

Една консултациона средба досега и телефонски разговори во кои не се вклучени лицата кои треба да го стават својот потпис на евентуален договор е начинот на кој во моментов преставниците на Владата и ЕСМ преговараат со ТЕ-ТО да се стави во погон и да биде поддршка во производството на струја за индустриските капацитети во претстојниот период.  ТЕ-ТО кој од Владата во неколку наврати го посочија како една од двете клучни алки за амртизација на ценовиот шок и недостатокот на струја е стратешки, но приватен, капациет кој освен струја е клучен и за производството на топлинска енергија и парно греењето во Скопје.

Од Владата се децидни дека договор ќе има до крајот на месецов и ТЕ-ТО како и минатата година ќе ја стави електричната енергија која ја произведува, по разумна цена, на располагање на државата.

Од комапнијата остануваат на ставот дека немаат обврска да работата постојано.

– ТЕ-ТО е независен субјект на отворениот пазар на енергија и своите продукти електричната енергија и топлината ги нуди по економски основани цени со цел да оствари добивка како и секоја друга компанија во државата за да ги подмири своите трошоци и финансиски обврски. – ТЕ-ТО нема обврска да работи постојано, велат од компанијата.

Гасот е неопходниот енергенс за работа на ТЕ-ТО.

– ТЕ-ТО има набавено гас до крајот на септември 2022 и води преговори со повеќе добавувачи за набавка на гас за октомври 2022, додаваат од таму.

Сепак Ковачевски е дециден, доколку се постигне договор, државата ќе го набави гасот и ако успее по пониска цена од пазарната.

Она што е јасно е дека надлежните ќе мора да понудат далеку подобра цена од 170те и 190те евра за мегават час кои ТЕ-ТО ги добиваше во првиот квартал од годината и генерираше 37 милиони евра загуба за да ја добијат  нивната поддршка.

Огнен Чамчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе