Вести Економија

Изградбата на автопатот Скопје-Блаце доцни заради проблеми со експропријацијата

Проблеми околу експропријацијата на приватни парцели го раздолжиле градењето на првата делница од автопатот Скопје-Блаце која е долга само два километра, велат од јавното претпријатие за државни патишта. Иако беше планирано да е готова до јуни, оваа делница уште се гради. Директорот на Државни патишта Рустеми вели дека изведувачот Гранит интензивно работи,  но имало и други пречки кои требало да се надминат.

Се развлекува и градењето на автопатот Кичево-Охрид, а директорот Рустеми не можеше ниту да прецизира колку финално ќе чини овој автопат.

Рустеми и Бочварски беа на увид на реконструкција на регионалниот пат Робово-Муртино. Бочварски рече дека оваа есен ќе почне  изградбата и на железничката пруга до Бугарија која треба да чини околу 200 милиони евра.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЈСП за велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред

Дејан Дејан

Велики четврток – почнуваат велигденските празнувања

Дејан Дејан

САД ја обвинуваат Русија за употреба на хемиско оружје во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе