Вести Македонија Топ вести

Маричиќ во Топ Тема: Само едно прашање има смисла – дали сакате Северна Македонија да биде членка на ЕУ?

Прашањето за референдумот кое го предлага ВМРО-ДПМНЕ е врзано за договорот од 2017 година, договорот за добрососедство со Бугарија, за кој што исто како и за францускиот предлог во јули оваа година, ВМРО-ДПМНЕ немаше ни храброст а имаше можност да гласа против, туку и тогаш и сега ја напуштија собраниската сала, изјави во вечерашната Топ Тема, министерот за евроинтеграции во македонската влада, Бојан Маричиќ.

„Доколку навистина ВМРО-ДПМНЕ беше против францускиот предлог и против договорот со Бугарија, ќе гласаа против и за ратификацијата и сега. Зошто 5 години подоцна се отвора прашањето за референдум за договорот со Бугарија? Зошто не го отворија кога имаше референдум и за Преспанскиот договор? Или зошто пак сега не се отвори прашањето за референдум за Преспанскиот договор, кога го отвораат за Бугарија. Денеска ја слушнавме и изјавата на Мицкоски дека каков и да биде исходот од референдумот, тие ќе гласаат против. Зошто е тогаш референдумот, со каква цел?“ – изјави Маричиќ во Топ Тема.

Тој додава дека никому во владата не му било драго или пак го правел со задоволство компромисот кој беше направен со Бугарија, вели Маричиќ.

„Но мора да се водиме од државните интереси, од државнички пориви и желба да се однесе државата напред. Два ни се интересите: да си го зачуваме идентитот и јазикот и второто е да станеме членка на Европската Унија.“ – тврди министерот за евроинтеграции.

Според Маричиќ вистинското прашање на референдумот треба да биде дали граѓаните се за членство во Европската Унија. Бидејќи ние не ги поставуваме условите под кои ќе влеземе во ЕУ, тие се поставени на тој начин како што се, преговарачката рамка е усвоена, смета Маричиќ.

„Само еден референдум има смисла: дали сте за членство во ЕУ или не. Сите други прашање се заобиколување на единственото вистинско прашање. Во договорот со Бугарија не се уставните измени. ВМРО-ДПМНЕ на некој начин можеби и свесно ја двои агендата, на уставни измени со договорот со Бугарија“ – вели Маричиќ.

Тој не сакаше да прецизира дали доколку бидат собрани 150 илјади потписи за распишување референдум, владеачката СДСМ ќе повика на бојкот или ќе учестува.

„Рано е да се каже. Сто пати да ме прашате, истиот одговор ќе ви го кажам. Мислам дека на оваа тема не треба да има референдум. Ако сакаме референдум, треба да биде на вистинското прашање: Дали сакате Северна Македонија да биде членка на ЕУ? Тоа е суштината на оваа дилема.“ – подвлече Маричиќ.

Тој негираше дека тоа е некаква идеја за „контра-референдум“, потенцирајќи дека во наредниот период ќе се види што ќе одлучи Владата и Собранието.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе