Вести Македонија

Апелација ги потврди доживотните робии, затворските казни и кривичното дело тероризам во предметот „Монструм“

Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ пукале и ги убиле четирите момчиња и рибарот крај смилковското езеро во терористички акт 2012-тата година.

Според објавената пресуда на сајтот на Апелациониот суд, жалбите на петтемина обвинети се одбиваат, се потврдуваат доживотните казни за тројцата извршители и двете затворски казни за Хаки Азири и Фејзи Азири за помагање изречени од  кривичниот суд.

Апелациониот суд потврди дека шестообвинетиот Сами Љута се ослободува од обвинение.  „Монструм“ имаше две судења, откако во 2017 година Врховниот суд го врати овој случај на  почеток, овојпат кај СЈО.

Обвинението го застапуваше обвинителката Фатиме Фетаи. По убиството, во Косово побегнаа Алил Демири и Африм Исмаиловиќ и сега со правосилснот на пресдуата не постои пречка за косовските власти  да постапат по барањето на Македонија  за екстрадиција на бегалците од правдата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Регистриран прв случај на Зика вирусот во Македонија – пациентот се заразил на Малдиви, каде бил каснат од комарец

Sasko Dimovski

Трамп: Мелони ме молеше да се сликаме во Париз – Мелони: Ниту јас, ниту Италија не молиме никого, запамти го тоа

Sasko Dimovski

Хоџа: Работиме на регистар за секој граѓанин да има увид кој капацитет колку загадува, ако не се реализира проектот ќе сносам одговорност

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе