Мрежарината што граѓаните ја добија како посебна ставка во сметките за струја не е нова, вели претсадател на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. Според него мрежарината секогаш била вклучена во сметките за струја, но сега е издвоена, за да има транспарентност, за потрошувачот точно да знае што плаќа и колку. Ова е пракса во повеќето држави од Европската Унија, а тврдењата дека станува збор за вментат трошок на товар на граѓаните ги отфрли како шпекулација.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
