Вести Економија Македонија Топ вести

Цената на струјата надмина  600 евра за мегават, а се очекува да достигне и до 1.000

Цената на струјата на берзите со нов рекорд. Надмина 600 евра за мегават час. Домашните експерти  стравуваа дека во текот на зимата ќе достигне и до 1000 евра. Се плашат дека  енерегeтските капацитети  со кои располага земјава нема да можат да ги обезбедaт потребните количини и ќе бидат потребни многу пари за увоз.

Цената на струјата на светските берзи руши рекорди.  Надмина и 600 евра за мегават час. Дел од експертите сметаат дека состојбата  е крајно загрижувачка. Велат,  ако сега во август се тргува по овие цени, во зимските месеци кога потрошувачката ќе биде значително зголемена  ќе достигнат и до 1.000 евра.

  • Се очекува после Нова година, во зимскиот  период да надмине и 1.000 евра за мегават час , ако сега во лето е 600 бидете уверени дека со голема доза на сигурност  цената ќе се покачи,  вели за Телма, Константин Димитров,  експерт по енергетика

Димитров  не е  оптимист дека домашните енергетски капацитети ќе ги испорачаат потребните количини на струја во текот на зимата.  А,  ако не се обезбеди доволно , состојбата ќе биде алармантна. Ќе бидат  потребни многу пари за да се увезе од надвор,  ако тоа биде дозволено.

  • Дури 20 отсто ќе обезбеделе повеќе, и тоа е убава вест која треба да смири,  но за кусо време се јавува Владата сите да штедат до 15 проценти. На  кого да му веруваме дека ќе има производство или дека од сега се сомневаме дека ќе нема да може да се обезбеди  и велиме да штедите 15 проценти, додава Димитров

Токму  високи цени на берзите се најголем проблем за домашните компании кои се на отворен пазар. Димитров смета  дека не е страшно да се воведат и рестрикции, а се она  што ќе се заштеди да му се даде како помош на стопанството.

Утре се очекува владини претставници да имаат нова средба со бизнис секторот за да се најде решение за високите сметки за струја.

А ќе биде прогласена и нова енергетска кризна состојба. Властите веќе потенцираа дека не чека тешка зима, од ЕСМ очекуваат  и ново поскапување на струјата за граѓаните веќе од јануари догодина.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Пезешкијан електронски го потпишаа мировниот договор меѓу САД и Иран – објавени сите 14 точки

Дејан Дејан

Има функционери на кои фотелјата им стана поблиска од народот – рече Мицкоски на партискиот роденден и најави смени на министри и директори

Дејан Дејан

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе