Вести Македонија Топ вести

Вината за пропаста на Еуростандард е во нестандардни кредити и во банкарски шеми за извлекување пари, тврди Трифун Костовски со експертски извештај

Пропаста на Еуростандард, за Трифун Костовски, сопственикот на банката кој е под истрага, лежи во умислата на некогашните први луѓе во Еуростандард која што според него била дел од шема за извлекување на пари преку кредити и заглавување на фирми.

Своето тврдење го поткрепи со извештај составен од домашни и меѓународни експерти, меѓу кои и поранешниот прв човек на ГРЕКО, Словенецот Драго Кос, кој ја обвини Народна банка за децениско толерирање на незаконски шеми во кои според него учествувале најмалку 7 банки.

-Во Македонија од 2004-та до периодот кој ние го работевме, до 2020-та, постоеше систем на незаконито финансирање на банките кои овозможувале кредити на фирми по нивен избор. Ја паметам случај кога банка А дава кредит на фирма од 500.000 евра. Истиот ден во друга банка, таа дава кредит на истата фирма од исто половина милион евра. И следниот ден се враќа на првата банка А. Па ве прашувам, дали мислите дека е можно без меѓусебна соработка и однапред подготвени чекори, две банки преку иста фирма да канализираат половина милион евра. Одговорот е јасен. Не може., изјави Драго Кос, кој во моментот е претседател на работна група на ОЕЦД за корупција во меѓународни бизниси.

-Со умисла, Еуростандард е вмешана во таа шема. И без мое знаење и без знаење на акционерите. Кога го сменивме стариот одбор, кој видовме дека е умешан во нелегалните трансанкции, сакавме да направиме стоп на таквите активности, тврди Трифун Костовски.

Народна Банка за тврдењата на Трифун Костовски: Од приватни побуди се изнесуваат неточни информации и се поткопува банкарскиот систем

Костовски се вадеше дека бил наивен што верувал на погрешни луѓе и оцени дека нема сопствена или семејна вина за пропаѓањето на Еуростандард.

Повтори дека многу фирми од Струмица земале кредити кои не ги враќале, но и затоа тврди дека не знаел.

-Никогаш нема да се повлечам од изјавите дека многу фирми блиски до СДСМ и до Зоран Заев учествувале во тоа клише преку Еуростандард за перење на пари, обвини Костовски.

Еуростандард пропадна во август 2020-тата кога и беше одземена лиценцата и и беше отворен стечај.

Многу штедачи не можеа да ги наплатат своите влогови над 30 илјади евра, но на крај успеаја да ги добијат парите преку стечајната постапка.

Истрагата за тоа што претходеше на стечајот се уште траат. Вкупниот долг на Еуростандард во стечајот беше пресметан на околу 100 милиони евра.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Пезешкијан електронски го потпишаа мировниот договор меѓу САД и Иран – објавени сите 14 точки

Дејан Дејан

Има функционери на кои фотелјата им стана поблиска од народот – рече Мицкоски на партискиот роденден и најави смени на министри и директори

Дејан Дејан

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе