Вести Економија Топ вести

Буџетот е добро позициониран за да ја издржи кризата, уверува Бесими

Буџетот е добро позициониран за да може да ја издржи кризата. Подготвени сме навремено да одговориме на секој предизвик. Кризата е сериозна и може да потрае со оглед на она што се случува во Украина и на светско ниво што значи дека мораме да се подготвиме за маратон, оценува министерот за финансии Фатмир Бесими.

Вели дека се подготвуваат таргетирани антикризни мерки, не сакајќи да прејудицира кога би почнала нивната имплементација, но смета дека најважни се последниот квартал од годинава и наредниот квартал од следната година.

Не би сакал да прејудицирам со датуми, но она што сите го очекуваат е кога ќе биде најважно. Тоа е последниот квартал од годината и наредниот квартал на годината. Мислам дека ги правиме сите неопходни чекори не само од аспект на мерки, туку и од аспект на заштеда на енергија, вели Бесими.

Додава дека зимата ќе биде тешка и дека е важно да се обезбедат доволни количини на електрична енергија и храна за да може да се преброди овој период и од следната година да имаме стабилна основа за раст.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе