Вести Економија Топ вести

„ПРИЗМА“ открива: Ист газда со две фирми увезува јаглен за РЕК Битола

Две од трите фирми со кои државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) склучила договори за набавка на јаглен имаат ист човек во сопственичката структура, 45-годишниот тетовец Аљибер Ибраими.

Податоците што ги добивме од Централниот регистар покажуваат дека првата фирма, со име Куантум Солушнс, му е регистрирана на денот кога ЕСМ го распишала јавниот повик за набавка на јаглен, на 31 март годинава. Тој, до минатата недела, беше нејзин единствен сопственик и управител, кога во сопствеништвото на фирмата влегол Лазар Кимов.

Втората, пак, Енергија Икс ја поседува заедно со бизнис-партнерка од Скопје, 44-годишната Ана Христовска, а почнала со работа на 5 мај, кога повикот веќе течел. И двете се микро-компании и се регистрирани за трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива.

Никаква информација не е достапна за овие компании, освен адресите на кои се регистрирани во главниот град – Куантум Солушнс на булеварот Партизански одреди, а Енергија Икс во трговски центар на улицата Лондонска. Немаат ниту телефонски броеви, ниту имејл адреси, ниту профили на познатите социјални мрежи., пишува Призма.

Во одговорот од ЕСМ се вели дека главен критериум според кој се оценуваат понудите е техничката соодветност, односно дали понудениот јаглен одговара по своите параметри на тоа што се бара. Следниот критериум е количеството – дали понудувачот може да го достави целиот јаглен што се бара или само дел од него. Цената доаѓа како трет критериум, односно ако сите понудувачи еднакво ги исполнуваат техничките карактеристики и количествата, се избира таа што е подготвена најевтино да го увезе и да го достави јагленот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Пезешкијан електронски го потпишаа мировниот договор меѓу САД и Иран – објавени сите 14 точки

Дејан Дејан

Има функционери на кои фотелјата им стана поблиска од народот – рече Мицкоски на партискиот роденден и најави смени на министри и директори

Дејан Дејан

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе