Вести Економија Топ вести

Досега се регистрирани вкупно шест случаи на африканска свинска чума во земјава

Африканска свинска чума и денеска во источна Македонија, во селото Облешево во импровизирано одгледувалиште или народски кажано кочина е утврдено и шестото жариште, во рок од половина месец. Екипите на Агенцијата за храна и ветеринарство и денеска се на терен, прават попис на свињите во радиус од три километри, кои треба да се уништат во јама, а потоа во радиус од 10 километри, што треба да се однесат во кланица. Досега во рок од половина месец во јами се уништени над 500 свињи во општините Македонска Каменица, Кочани и  Виница.

Бабовски вели  проблем е  што од 5608 одгледувалишта што се избројани по вонредниот попис по првите случаи на болеста во јануари, само 708 имаат целосни биосигурносни мерки и се во групата на низок ризик.  Дивите свињи се најчест преносител, но последните случаи покажаа дека виновник е и човекот.

Последниот вонреден попис во февруари покажа дека во земјава има 140.000 свињи. Бабовски потенцираше дека  африканската свинска чума е најголема пандемија кај домашните животни во историјата. Од Здружението „Македонско прасе“ денеска испратија апел до одгледувачите на свињи да се подигнат биосигурнонсните мерки на највисоко ниво, да се почитуваат препораките од АХВ, како и веднаш да се пријави секој сомнителен случај. Порачаа дека од сите одгледувачи и производители на свинско месо зависи дали македонските граѓани ќе останат едни од ретките во Европа кои ќе продолжат да консумираат свежо, домашно месо, без примеси на генетски мофицирана храна.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе