Вести Економија Топ вести

Антикризни мерки без систем за доделување и контрола, ДЗР ја анализираше државната помош за туристичкиот сектор

Владата нема воспоставено систем за следење на антикризните мерки за помош на туризмот, нема централна база на податоци за степенот за реализација, бројот на деловни субјекти и граѓани кои ја користат и степенот на искористеност. Мерките се креирани без претходна анализа а отсуствува и контрола дали туристичките агенции корисници на финансиската помош ги исполнуваат условите за да добијат помош ниту пак некој го контролира дали има поврат на средствата.

Ова се дел од заклучоците на Државниот завод за ревизија кој истражуваше како се делеле и каков ефект имале пакетот антикризни мерки за помош на туризмот

Ревизорите се на став дека мерките и политиките треба да се криераат со среднорочно и долгорочно стратешко планирање на државно ниво и дефинирани цели и приоритети за да се обезбеди следење на ефикасноста од нивното спроведување.

Недостапноста на навремени, консолидирани и јасни податоци за доделената финансиска поддршка оневозможува да се изготвуваат навремени и ефикасни анализи за ефектот на мерките во секторот туризам, сметаат од државниот завод за ревизија.

Она што е клучно во извештајот е дека има низок степен на реализација на мерките и со тоа не може да се исполант поставените цели.

Па така, од 116 милиони денари наменети за грантови за туристичките агенции реализирани се само 68 отсто а ова е највисок процент на реализација од сите предвидени антикризни мерки во секторот туризам. Од 86 те милиони денари за финансиска поддршка на туристичките работници исплатени се 61 отсто а нешто над половина, односно 55 отсто од планираните 704 милиони денари наменети за ваучери за домашен туризам се исплатени на граѓаните. Ниту еден од предвидените бесплатни 50 илјади ПЦР тестови не се доставени.

Ревизорите сметаат дека мора да има измени во правната рамка за полесна имплeмeнтација, мора почне да се следи имплеметацијата на Акцискиот план и националната стратегија за развој на туризмот и мора да се формира Комитет за туризам кој би го наследил Координативното тело за туризам кое престана да работи.

Од ДЗР заклучуваат дека антикризните мерки на Владата за подрршка на туризмот имале само делумно влијание за ефикасно справување со последиците од пандемијата и намалување на ефектите од кризата.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе