Вести Економија Топ вести

Инфлацијата е поголема од 16‘% тврдат од ССМ – граѓаните велат со илјадарка порано се живееше цела недела, а сега за ништо не стигнува

Обезвреднети плати, олеснети џебови и полупразни торби за пазарење е реалноста на граѓаните потврдена и од статистичарите.

Инфлацијата е тука, двоцифрена и го јаде домашниот буџет.

Државниот завод за статистика вчера објави Индекси на трошоците на живот и на цените на мало за месец јули.

Речиси и да нема ставка каде што не е регистриран пораст на трошоците, почнувајќи од прехранбените производи па сè до туристичките патувања.

Годишната инфлација е 16 процентна.

Ова е официјално од Статистика, но според ССМ бројките се уште пострашни, а минималните животни трошоци во јули изнесуваат и над 47 илјади денари.

Пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија и економското одделение кое фигурира во рамките на ССМ кажуваат дека инфлацијата е над 20% или нешто повеќе од 20%. Но, самото име на институцијата вели Државен завод за статистика. Пресметките за минималната синдикална кошничка ние ги правиме според параметрите кои ги одредува овој Завод за статистика. Ако ги правиме со нашите пресметките, минималната потрошувачка кошничка би ги изнесувала над 48 илјади денари, вели претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Синдикалната минимална потрошувачка кошничка е само за преживување, а не и за живеење. Ова е ставот на претседателот на Сојузот на синдикати.

А, за тоа како се преживува коментирааат граѓаните. И без големи економски познавања, секој ги чувствува последиците по домашниот буџет.

Парата нема вредност, велат луѓето кои ги анкетиравме – одговарајќи на прашањето што може да се купи со илјада денари во денешно време.

„Еден килограм кашкавал и два килограми домати. Ете, толку. А, порано со илјада денари ќе ја поминевме една цела недела.“

 

„Порано може сè да се купи, но сега ништо. Илјадарката сега е како сто денари. Парата нема никаква вредност.“

 

„Со илјадарка не може ништо да се купи. Катастрофа. Економски дебакл.“

 

„Ние сме дојдени од Австралија. Тие цени таму и овие овде се изедначени, а стандардот е поразличен. Секоја земја има свој стандард према своите услови, ама овде е прескапо за народот според платите.“

Телма побара одговори од Владата околу тоа дали се планираат некакви мерки (и какви), за да се ублажи ударот на инфлацијата во земјата, на краток или на долг рок.

Оттаму одговараат дека сè уште важи одлуката за замрзнување на маржата на одредени производи, со цел ограничување на растот на цените, а со ребалансот на Буџетот се предвидени 76 милиони евра за нови антикризни мерки.

Дизajнирањето на новите мерки е при крај, велат властите.

Во меѓувреме, од ССМ најавуваат тужба за државата која ќе ја поднесат следната недела.

Основот е – непочитување на законот и неусогласување на платите според законското решение за минимална плата.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе