Вести Економија Топ вести

Даночните измени ќе донесат 54 милиони евра во буџетот, за прогресивниот данок дополнително ќе се дебатира

Дополнителни 54 милиони евра би се слеале во Буџетот со новите даночни реформи кои ги изработува Владата и за кои се дебатира со бизнис и академската заедница. Прогресивниот данок кој треба да стапи на сила од 1 јануари идната година највероајтно ќе претрпи измени или пак ќе се одложи

Министерот за финансии Фатмир Бесими на денешниот брифинг со новинарите  соопшти детали за измените на даночниот систем кои се веќе изготвени и за кои се дебатира а дополнително се размислува дали и какви измени би претрпил ДДВ-то. Целта на измените се дасе намали дефицитот и задолжувањето и даночниот систем да биде праведлив за сите.

Она што е јасно  е дека ќе се предложи оданочување орочените кредити па ако граѓанинот има заштеда од 100 илјади денари во банка со камата од два отсто, на крајот на годината ќе добие две илјади денари камата која би се оданочила со 10 отсто односно 200 денари би завршиле во Буџетот.

Исто така се планира и оданочување на договорите за вработување на определено време и договорите за дело кои би имале ист третман односно данок како платата, нешто што наиде на остри критики во јавноста кога беше најавено па повлечено.

Во финансии сеуште размислуваат која ќе биде границата од која ќе почне да се оданучуваат доходите како и која ќе биде горната граница која што во моментов е 16 просечни плати односно нешто над осум илјади евра. Ова го повлекува прашањето околку одржливоста бидејќи максималниот износ на пензијата е законски утврден и со тоа доколку граѓанинот  плаќа поголем данок повторно нема да има измена во неговите примања откако ќе се пензионира.

Со новите измени се предвидува во делот за реинвестиции на добивката данокот да се укине само кога станува збор за реинвестиција во секторите зелена транзиција, дигитализација или енергетска ефикасност.

Се предвидува и намалување на основата за даночни олеснувања за вложување во спортот и укинување на преференциите кај премиите за животно осигурување.

Минатата недела министерот Бесими и неговиот тим имаа средба и разговори со бизнис заедницата која по средбата соопшти дека во моментов, во време на криза и на најави за можеби најтешката зима за граѓаните и стопанството, нема потреба од менување на даночниот систем и фокусот треба да се префрли на сузбивање на сивата економија.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе