Вести Македонија Топ вести

Македонска судска (не)правда – млада гостиварка живее под постојани закани но и се соочува со насилство од поранешниот партнер-полицаец

27-годишната Елена Јовицоска од Гостивар со години живее со проблеми од поранешниот партнер кој е полицаец со кого има заедничко дете, но преживува и како што тврди закани

Но судиите во Гостивар со години никако не може да ги завршат случаите. Првостепените пресуди се ниски по неколку месеци затвор, а апелациониот суд ги поништува.

Правната битка се случува во иста зграда каде се сместени сите гостиварски обвинителства и судови, а после години неказнивост – во април се случува и тежок физички напад внатре во судот.

Ова е снимка од безбедносните камери каде Елена и  татко и доживуваат напад од поранешниот нејзин партнер, 30-годишен полицаец, неговиот татко-поранешен полицаец и од мајката и сопругата на напаѓачите.

Онаму каде што се дели правда, и нејзиниот татко и Елена биле претепани и повредени.

На крај полицаецот, партнерот со кој 5 години не живее во заедница, добива 4 месеци затвор, од кои три минал во притвор и домашен притвор, додека вториот напаѓач таткото кој е пензиониран полицаец добива условна казна.

Сега предметот по жалба е на гостиварска апелација, а кај Елена при интервјуто се појави и страв и возбуда во гласот.

Како што веќе кажа, против поранешниот вонбрачен партнер има 6 кривични дела, но се почнало пред 5 години кога Елена заедно со 6 месечното бебе го напуштала дотогаш заедничкиот дом со полицаецот Димовски.

Таткото со телефон снимил аудио од целиот настан, младиот полицаец ги следел Елена, нејзиниот брат и таткото до станот каде сакала да се засолни. Еве дел од таа снимка

-Ја ќе се вратам. Добро.

(се слуша репетирање)

-Овде имаш метак. Повели.

-Немој.

-Ама ако не пукаш. Сите ќе ве убијам.

-Викторче, смири се. Бе. Господ дал да имам два Виктора. Смири се.

-Бегај. Тргни се.

Нема да остане вака.

Она ќе биде мртва.

Мртва ќе биде.

Не може да биде, ти ја сакаш.

Куршумот не погодил никој, Снимката никогаш не е прифатена од суд како доказ во процесот кога полицаецот е обвинет за предизвикување на општа опасност со предвидени од 6 месеци до максимум 5 години затвор казна.

На крај добива во првостепена пресуда 5 месеци затвор, со што полицијата не смее да го отпушта, а апелациониот суд ја укинува и враќа на повторно судење. Образложението е дека обвинетиот како полицаец знаел да користи пиштол без да предизвика општа опасност, а не е утврдено во кој правец бил испукан куршумот.

„Прашање е дали во конкретниот настан, имајќи го во предвид учесникот-обвинетиот кој е полициски службеник, пиштолот претставува општо опасно средство. Ова затоа што општо опасно средство е она средство кое предизвикува опасност за неодреден круг на лица и имот и чие дејство и чие дејство не може да се контролира од лицето кое средството го употребува. Обвинетиот како полициски службеник знае како да ракува со пиштол и можел да го контролира неговото дејство“ – се вели во пресудата на апелациониот суд од Гостивар.

Обвинетиот дури ги пријавил Елена и нејзиниот татко за нелегално снимање, но обвинителството не покренало истрага.

На повтореното судење во април се случува инцидентот во судот, а Елена тврди дека постојано е под страв.

По инцидентот во судот,со налог на гостиварското обвинителство имала заштита неколку недели.

Сега Елена чека Апелација во родниот Гостивар да пресуди како што вели правилно за тоа што се случи во самиот суд.

Од МВР не ни одговорија за статусот на полицаецот кој е обвинет за повеќе постапки против Елена.

Адвокатката на обвинетиот ни рече дека не може да даде повеќе детали за случајот бидејќи е презафатена и пред одмор, но рече дека ќе го извести за нашето барање за информации.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе