Спорт Формула 1

Леклер со прва победа во Ф1 уште од месец април

Шарл Леклер славеше на трката за Големата награда на Австрија што денеска се возеше во Формула 1 шампионатот.

Возачот на Ферари до третата сезонска победа дојде пред својот голем ривал за титулата Макс Ферстапен. Актуелниот светски шампион и натаму има удобна предност од 38 бодови на врвот во генералниот пласман. На подиумот имаше место и за Луис Хамилтон од Мерцедес, кој го искористи фактот дека Карлос Сајнц Јуниор ја заврши трката на 16 круга пред крајот, кога се запали неговиот болид.

Четврти беше Џорџ Расел, потоа следуваат Естебан Окон, Мик Шумахер, Ландо Норис, Кевин Магнусен, Даниел Рикардо и Фернандо Алонсо.

Во генералниот пласман Ферстапен има 208 бодови, Леклер е втор со 170, Серхио Перез има 151, а Карлос Сајнц133 бодови.

За две недели се вози трката за Големата награда на Франција на патеката „Пол Рикард“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе