Вести Македонија Топ вести

Нова истрага против Мухамед Зекири и можност за негово бегство- открива барањето за притвор

Екс генералниот секретар во владата Мухамед Зекири останува во куќен притвор уште триесет дена. Таму е веќе една недела откако Апелација ја прифати жалбата на неговите адвокати и му ја смени мерката ефективен притвор со домашен, пред се поради здравствени проблеми за  што одбраната доставила и медицинска документација . Овој пат второстепениот суд му ја определи оваа мерка при редовно одлучување.

Но решението на Апелација открива дека обвинителството може да ја прошири истрагата за Зекири.  Тоа се навестува во делот од решението со кој се цитира  образложението на  обвинителството за организиран криминал кое барало продолжување на притворот поради опасност од бегство и влијание врз истрагата.

-Во предлогот се наведува дека во досегашната фаза на истражната постапка од страна на обвинителството се преземени и други истражни дејствија, при што при обезбедувањето докази е пронајдена писмена документација која укажува дека осомничениот М. З. сторил уште едно кривчно дело Злоупотреба на службената положба и овластување, за сличен кривично-правен настан, поради што ќе биде потребно истрагата да се прошири и за тој кривично-правен настан, како и ќе биде потребно осомниченот да биде повикан со цел негово сослушување за новите околности, стои во одлуката на Апелациониот суд кој го цитира барањето на обвинителството.

-Од страна на обвинителството по пронаоѓање на новата писмена докуемтнација, односно откако била доставена од страна на Владата на РСМ, Генералниот сектаријат донел Наредба КО.бр.59/22 од 02.06.2022 година до МВР, со цел да изврши анализа на истата. Со оглед дека анализата се уште не е извршена, засега не можат да се преземаат други истражни дејствија, но по извршена анализа ќе се преземаат други законски дејствија со цел обезбедување сигурни докази од кои ќе се утвди дека осомнчениот го сторил кривичното дело за кое се товари, пишува во одлуката.

Обвинителството цени дека во конкретниот случај постојат околности што укажуваат на опасност од бегство на осомничениот кои постоеле во моментот на определување на мерката куќен притвор и тоа видот и тежината на пропишаната казна за кривичните дела за кои се сомнични осомничениот, како и можноста за изрекување на затворски казни.

-Воедно обвинителството смета дека се уште постојат околности кои укажуваат дека осомниченито ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците со оглед дека во понатамошниот тек на истражната постапка потребно е да се сослушаат повеќе сведоци, со поголемиот дел од нив осомничениот се познава и соработувал, па со оглед на значењето на нивните искази, основно може да се очекува да влије врз нив. Со оглед на сето погоре наведено, смета дека се исполнети условите од чл.165 ст.1 т.1 и 2 од ЗКП, за продолжување на мерката притвор против осомничениот, пишува во решението на апелација.

Во решението се споменува датум за 2ри јуни.  Тоа е ден откако антикорупциска објави дека ќе поднесе иницијатива до Обвинителство против поранешните генерални секретари на Владата, Драги Рашковски и Мухамед Зеќири за  злоупотреба на службената со склучување авторски договори.  Дали датумите се совпаѓаат или обвинителстовто ги истражува сознанијата на ДКСК, од обвинителството не добивме одговор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Дејан Дејан

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе