Македонската женска тениска репрезентација успеа да се пласира во полуфиналето на Били Џин Кинг купот што се одржува во Скопје.
Македонските репрезентативки и во третиот натпревар од фазата по групи забележаа победа, а овој пат славеа против Јужна Африка, а клучниот поен за полуфинале беше освоен во игра на двојки каде Лина Ѓорчевска и Магдалена Стоилковска со пресврт стигнаа до победа.
Утре играме против Косово, а мечот на централниот терен на Тенискиот клуб Југ почнува во 9 часот и 30 минути.
ФОТО: Игор Паневски











