Женската тениска репрезентација на Македонија и вториот настап на Били Џин Кинг купот што се одржува во Скопје успеа да забележи победа. Овој пат со 3:0 е совладана селекцијата на Боцвана и утре во соочувањето со Јужна Африка ќе се бориме за првото место во групата и пласман во разигрувањето за промоција во повисок ранг од натпреварувањето.
Мечот се игра на централниот терен на Тенискиот клуб Југ и почнува во 10 часот.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.











