Пари Сен Жермен се чини дека сака по секоја цена да се ослободи од Нејмар, кој според клаузулите во договорот потпишан во 2021 година во клубот може да остане до 2027-та.
При продолжувањето на соработката пред една година вметнати се клаузули според кои договорот автоматски се продолжува, но сопствениците на Пари Сен Жермен се незадоволни од настапите на Бразилецот и бараат начин како тој уште летово да ја смени средината.
Се шпекулира дека постои можност 30-годишниот Нејмар ова лето да се пресели во Јувентус и да има статус на позајмен играч. а на крајот од следната сезона да се преговара за евентуален откуп на договорот.
Нејмар во ПСЖ пред пет години дојде од Барселона за сума од 222 милиони евра и во овој период одигра 144 натпревари, постигна 100 гола и освои пет шампионски титули во Франција, три пати беше победник на Купот, а освои и два национални Супер купа, но екипата остана без славје во Лигата на шампионите.
