Дејвис куп репрезентацијата на Македонија во вториот настап од третата група во ова натпреварување забележа победа од 2:1 во соочувањето домаќинот Црна Гора.
Нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски во првиот дуел во два сета со 6:4 и 6:3 триумфираше над Петар Јовановиќ.
Во вториот дуел во поединечна конкуренција Резарт Чунгу исто така со 2:0 по сетови 6:4 и 6:0 славеше над Берг Бугариќ, а решавачкиот поен за победа Македонија го освои во игра на двојки.
Калин Ивановски и Горазд Србљак со 7:5 и 6:3 забележаа победа над домашната комбинација Јовановиќ – Чунгу.
Во последното коло противник ни е селекцијата на Молдавија.
ФОТО: Игор Паневски
