Со ангажирањето на новиот менаџер Ерик Тен Хаг почна и целосната реконструкција на тимот на Манчестер Јунајтед.
До овој момент пет фудбалери бараат и веќе пронајдоа нова средина. Немања Матиќ се пресели во Рома, а екипата ја напуштаат Пол Погба, Хуан Мата, Единсон Кавани и Џеси Линдгард.
Според пишувањето на медиумите во Велика Британија, дозвола да си заминат од Олд Трафорд имаат Ентони Марсијал и Ерик Баи, Фил Џонс, Аксел Туанзебе и Брендон Вилијамс, а се очекува идентичен статус да добие и Арон Ван Бисака.
Се уште е неизвесна ситуацијата со резервниот голман Дин Хендерсон, но според последните информации и тој нема да биде во плановите на новиот менаџер и се шпекулира дека тој е најдобар пат во следната сезона да биде позајмен во Нотингем Форест.
ФОТО: Игор Паневски
