Кошарка Спорт

Бајиќ го објави скратениот список за последните два дуели

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Драган Бајиќ го објави списокот на играчи кои ќе бидат во конкуренција за последните два дуели од овој циклус на квалификации за Светското првенство.

Како и на претходните соочувања предводникот на националниот тим повторно има проблеми со составувањето на тимот и за соочувањата со Шпанија и Украина тој не може да смета на Ненад Димитриевиќ, Џејкоб Вајли, Андреј Магдевски, Дамјан Стојановски и  Бобан Стајиќ.

Меѓу 14-те повикани кошаркари се Рубин Стефанов и Андреј Јакимовски.

Собирот е закажан за 25 јуни во А1 арената Борис Трајковски, првиот меч со Шпанија го играме на 1 јули, а три дена подоцна во Скопје гостува Украина.

СПИСОК НА КОШАРКАРИ

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром

Адем Мекиќ – МЗТ Скопје Аеродром

Кристијан Николов – МЗТ Скопје Аеродром

Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром

Стојан Ѓуроски – Пелистер

Андреј Маслинко – ТФТ

Страхил Николов – ТФТ

Виктор Ташовски – ТФТ

Виктор Ефремовски – Гостивар

Валмир Какруки – Работнички

Теодор Симиќ – Барселона-Шпанија

Андреј Јакимовски – Вашингтон Стејт (НЦАА-САД)

Рубин Стефанов – Италија

 

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиоли сигурно добива отказ: Милан назначува поранешен играч на кормилото

Desk

Холанѓанец ќе го наследи Јирген Клоп на клупата на Ливерпул

Desk

ПСЖ е подготвен да плати 200 милиони евра за тинејџер на Барселона

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе