Американско-романската комбинација Богдан Павел и Треј Хилдебранд се победници на ИТФ турнирот во Скопје во игра на двојки.
Хиделбранд и Павел во финалето за 96 минути со 2:0 по сетови 7:6 и 6:2 славеа во мечот против Стефан Палоси од Романија и Молдавецот, Илја Снитари.
Турнирот завршува утре со финалето во поединечна конкуренција што ќе се игра на централниот терен на ТК Југ во Градскиот парк, почетокот е закажан за 11 часот, а се среќаваат првиот носител Орландо Луз од Бразил и Палоси.
ФОТО: Игор Паневски
