Фудбалската репрезентација на Македонија утре од 20 часот и 45 минути против селекцијата на Грузија ќе го одигра првиот натпревар на домашен терен не само во ова издание од Лигата на нации туку воопшто во 2022 година.
По двете гостувања во Бугарија и Гибралтар конечно играме на наш терен и избраниците на селекторот Благоја Милевски се едногласни во намерата да се стигне до нова победа и продолжување на серијата на добри резултати.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.











