По двете гостувања во Бугарија и Гибралтар, македонската фудбалска репрезентација против Грузија ќе го одигра првиот натпревар на домашен терен во ова издание на Лигата на нации, воедно ова е и првиот настап на нашите фудбалери на арената Тодор Проески во 2022 година.
“Јас сум пресреќен кога играм на домашен терен. Чувството е различно и би сакал стадионот да биде полн и да добиеме најголема поддршка до сега. Со нивната поддршка и нашиот план и квалитет верувам дека ќе стигнеме до победа над Грузија. Очекувам и се подготвувам за секој меч да имам чиста мрежа. Тој е мој принцип кога ќе влезам во секој натпревар. Грузија е одличен тим и имаат многу напредувано од последниот меч кога се сретнавме со нив. Даваат многу голови но и ние може да дадеме голови бидејќи создаваме многу шанси. Мислам дека утре ако ја сочувам мрежата, ќе го добиеме натпреварот”, изјави првиот голмански избор во националниот тим, Столе Димитриевски.
ФОТО: Игор Паневски
