Избраниците на селекторот Благоја Милевски го совладаа Гибралтар и ја забележаа првата победа во новото издание од Лигата на нации.
Давид Бабунски како и на првиот дуел во Разград доби шанса во второто полувреме.
“Нема да се повторувам со соиграчите, но секако се согласувам дека победата од ова гостување е најважна затоа што теренот за игра и условите воопшто на овој стадион се навистина лоши. Но, успеавме во планираното да заминеме од тука со трите бода. Задоволство ми е што повторно сум во репрезентацијата. Добро ги познавам сите соиграчи и нема апсолутно никаков проблем во адаптацијата и околу барањата со селекторот со кого долго соработувавме и во младата репрезентација. Милевски е тренер кој умее да го извлече најдоброто од мене. Гибралтар е зад нас, а сега максимално се фокусираме на дуелот со Грузија каде исто така ќе атакуваме на победа”, изјави Бабунски.
ФОТО: Игор Паневски
