Лудогорец арената во Разград на денешниот дуел меѓу селекциите на Македонија и Бугарија ќе биде исполнета до последното место.
Домаќинот во продажба пушти 10000 влезници кои се распродадени додека Македонија ќе ја бодат околу 700 навивачи кои ќе бидат сместени во посебен сектор и нема да имаат контакт до домашните.
Најголемиот дел од македонските навивачи организирано допатуваа во Разград и се сместени во фан зона која е оддалечена од градот домаќин, а се очекува дел да пристигнат со сопствени возила.
Бугарската репрезентација во својата историја одиграла преку 400 натпревари од кои само 36 ги играле надвор од престолнината и на нив има забележано 17 победи.
ФОТО:Игор Паневски
