Македонската фудбалска репрезентација ремизираше 1-1 на гостувањето кај Бугарија во рамки на 1.коло во Лигата на нации.
Нашите фудбалери беа надмоќни во текот на целиот меч и можеа да дојдат и до трите бода. Бугарија поведе во 13.минута по првата и единствената шанса на натпреварот преку Кирил Десподов. Македонија имаше иницијатива, но во првото полувреме најблиску до гол беше Енис Барди, кој биеше само во главата на голманот на противникот Михајлов.
Во вториот дел тргнавме посилно и поофанзивно по двете измени на селекторот Благоја Милевски, па Милан Ристовски го израмни резултатот во 50.минута.
Иницијативата ја имавме до самиот крај на натпреварот, но без посериозна шанса за гол. Судијата Пињар од Франција во 94.минута досуди пенал за Бугарите, но откако се консултираше со ВАР ја увиде својата грешка и ја поништи казната. Висар Муслиу не играше со рака, бидејќи му беше прилепена за телот.
Македонија во недела во рамки на 2.коло повторно гостува и тоа кај аутсајдерот Гибралтар.
„
