Енис Барди на утрешниот дуел со Бугарија ќе ја носи капитенската лента. Тој истакна дека е огромна чест да се носи лентата и потсети дека кога последен пат бил во оваа улога, Македонија триумфираше, а тој постигна три гола.
“За мене е огромна чест и задоволство на укажаната доверба да ја носам капитенската лента. Да, точно дека лентата ќе ја носам јас но постојано секогаш нагласувам дека во овој тим сите ние сме капитени и сите еднакво придонесуваме за успесите на оваа репрезентација. За мене е најважно еднакво да придонесуваме за успесите на Македонија. Инаку, кога последен пат бев капитен на репрезентацијата на гостувањето против Ерменија кога победивме со 0-5, дадов три гола. А, ете сега повторно сум со капитен. Па, сега видете…”, изјави Барди.
ФОТО: Игор Паневски
