Рахим Стерлинг има уште една година од договорот со Манчестер сити и размислува да си замине од клубот ова лето ако не добие нова соработка со гаранција за далеку поголема улога во првиот тим.
Во последно време Англичанецот не е прва опција кај менаџерот Пеп Гвардиола. Крилниот напаѓач е интересен за Баерн Минхен, но можно е во трката за неговиот потпис да се вклучат и тимови од Ла Лига.
Стерлинг сака да игра редовно следната сезона со цел да го задржи своето место во англиската репрезентација, а со тоа да осигура и настап на Светското првенство во Катар.
