Тирана е домаќин на првото финале од третото по ранг европско клупско натпреварување, Конференциската лига на УЕФА.
Фудбалерите на Рома ќе се обидат за прв пат во историјата да стигнат до европски трофеј додека предводникот на екипата Жозе Мурињо има шанса да влезе во историјата како прв тренер кој успеал да ги освои сите три пехари во актуелните натпреварувања во организација на УЕФА.
Оптимизмот во италијанскиот тим го подгрева и фактот дека Мурињо никогаш во својата кариера нема изгубено во едно европско финале и по триумфите во Лигата на шампионите со Порто, Лига Европа со Интер сега се очекува негова победа и во Конференциската лига.
На спротивната страна Феенорд атакува на четвртиот европски трофеј кој го чека точно две децении. По победата во тогашниот Куп на шампиони во 1970 следуваа два триумфи во Купот на УЕФА, првиот во 1974-тата, а последниот во 2002-та година.
Мечот се игра во Тирана и почнува во 21 часот.
