Во пресрет на неделните баражи за пополнување на двете места во Првата македонска фудбалска лига одредени се судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите што ќе се играат во Струмица и Штип.
За натпреварот Тиквеш – Воска што ќе се игра в недела во Струмица главен судија ќе биде нашиот најдобар арбитар Александар Ставрев.
Додека на дуелот во Штип меѓу Скопје и Беласица правдата ќе ја дели Стојанче Трпчевски.
Двете средби почнуваат во 17 часот, а победниците следната сезона ќе бидат дел од прволигашкото друштво.
ФОТО: Игор Паневски
