Сагата околу новиот сопственик на Челзи, конечнo заврши. Нов сопственик на клубот од Стемфорд Бриџ е американски конзорциум на чие чело е ко-сопственикот на бејзбол тимот Лос Анџелес Доџерс.
Тод Боели за преземање на сопственоста на Челзи ќе плати 4,25 милијарди фунти, а продажбата се очекува да биде завршена кон крајот на овој месец кога истекува лиценцата за натпреварување во Премиер лигата.
Според договорот новите сопственици прво ќе ја платат сумата од 2,5 милијарди колку што изнесува вредноста на акциите и таа ќе се уплати на сметката на Роман Абрамович која е замрзната, а потоа тие ќе бидат уплатени во добротворни цели. Останатите 1,75 милијарди фунти ќе бидат наменети за вложување во клубот.
За да се комплетира целата трансакција на крајот потребно е и одобрение од Англиската фудбалската асоцијација и Владата на Велика Британија кои ќе го надгледуваат целиот процес.
