Во меч од 31. коло во домашниот фудбалски шампионат Работнички го совлада Борец со 2:1 и математички обезбеди опстанок во елитното друштво и го избегна евентуален бараж.
Работнички поведе со голот на Марио Станковски во 45-тата минута по прецизно изведен удар од 11 метри.
Во 75-тата минута Крста Ѓорѓевиќ ја искористи грешката на одбраната на Работнички и го израмни резултатот на 1:1, а победничкиот гол за домаќинот беше дело на Марјан Ристовски во шестата минута од судиското надополнување.
ФОТО: Игор Паневски











