Спорт Фудбал

Дарвин Нуњез проценет на 70 милиони евра

Институтот за фудбалски истражувања ја објави листата на најврдени играчи на пазарот кои не настапуваат во клубовите од петте најсилни лиги во Европа.

Прв на листата е уругвајскиот репрезентативец и член на Бенфика, Дарвин Нуњез кој се проценува на сума од 70,7 милиони евра.

На второто место е фудбалерот на Ајакс, Бразилецот Ентони чија вредност на пазарот се смета дека измесува 57,5 милиони евра, а трет со 52,2 е дваесет годишниот играч на Спортинг Лисабон, Гонсало Инасио.

Меѓу десетте највредни се уште двајца негови соиграчи, Матеус Нуњес и Педро Гонсалвеш, а тука е и нивниот сонародник од Бенфика, Гонсало Рамос кој се проценува на сума од 42,9 милиони евра.

Веднаш зад водечката тројка е Коди Гакпо од ПСВ Ајндховен кој е проценет на 49,7 милиони, а меѓу десетте највредни на пазарот се уште Диого Коста од Порто, Шарл Де Кетелар од Бриж и напаѓаќот на Ајакс, Себастијан Алер.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе