Вести Македонија Најважни

Бугаризација или откочување на европскиот пат и замолчување на непријателите на балкански евро-интеграции-што значи пораката на Петков?

Премиерот Ковачевски со велигденска честитка до граѓаните за мир без поделби, но без директно соочување со изјавите на неговиот колега од Софија за преместување на ветото во вагоните на европските возови наместо пред Македонија да тргне по европскиот пат со потпишана преговарачка рамка (менување на Уставот пред отварање на првото поглавје, но со веќе започнат преговарачки процес).

Во празнината на од владиниот кампус, опозициониот лидер по запалената свеќе за Христовото воскресение порача дека предупредувањата за ваков развој на настаните ги дало ВМРО-ДПМНЕ пред повеќе од еден месец, а прифаќање на условите на Софија и на Петков значат бугаризација.

-Што значи дека или ќе се асимилираме односно ќе се бугаризираме и како такви ќе влеземе во Европската Унија, или ќе нема за нас Европска Унија и покрај тоа што ќе се случи прва меѓувладина конференција. Но јас сум убеден дека земјите членки на ЕУ тоа нема да го дозволат бидејќи многу пати во минатото истите тие земји членки кажаа дека билатералните проблеми се само билатерални проблеми и тие никако не можат да бидат мултилатерални односно проблеми на земјите членки на ЕУ  со земјите кои што се аспиранти, односно кандидати, подвлече лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ако Владата стави потпис на тој документ треба народот во Македонија и граѓаните да знаат дека можеби ќе се случи првата меѓувладина конференција, но преговорите нема да почнат се додека македонската страна не прифати да се асимилираме, и како Бугари да влеземе во ЕУ.

СДСМ: Наместо да застане зад државните позиции Мицкоски неосновано ја плаши јавноста со непостоечка асимилација

Од куќата на дипломатијата во Скопје немаше реакција на идејата на Петков,туку само соопштение за најава на посета на Берлин на министерот Османи. Но и од неколкуте редови се гледа дека главна тема е сепак Софија, а од Берлин и тамошните политичари се очекува истотокако и во минатото-помош и разбирање.

Целта на посетата е да се реафирмира германската позиција во однос на нашето европско досие и поддршката во однос на итната потреба од деблокирање на пристапниот процес со ЕУ.  Се очекува на средбите да бидат разменети мислења и за регионалната динамика, како и за безбедносната состојба на европскиот континент, во светло на новите геополитички предизвици. Од Берлин, министерот Османи патува директно за Софија, велат од мнр. 

Во меѓувреме,Велигденски повторно се јави Петков, ја повтори идејата за преместување на ветото на стартот на преговарачкиот процес, кога ЕУ треба да гарантира дека ќе се остварат бугарските услови пред се менување на Уставот. Вели за десет години преговори ќе има промени, а гледа проблем во националистичките провокации во двете држави.

-Има многу луѓе кои сакаат да ги разнишаат добрите односи меѓу Бугарија и Северна Македонија. Нашата влада нема да попушти пред тој тип на лесни провокации коишто се слушаат и во двете држави. Ние имаме една општа цел, Северна Македонија да биде една европска држава, еден добар сосед. Заедно да создаваме економски раст и сите тие националистички повици и провокации треба да ги игнорираме и да продолжиме напред, изјави Петков за бугарската БТВ.

Повторно во бугарските медиуми се истакнуваат тези дека од Македонија стигаат обвинувања за фашизмот, но во интервјуто сепак не е е спомнато отварањето на бугарскиот културен центар во Битола кој носи име на соработник на фашистите, а на отварањето на „Ванчо Михајлов“ беше и самиот Петков и други бугарски политичари,

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Посредуваше за Пржинскиот договор, ќе посредува и во македонско-бугарскиот спор и ќе олеснува за уставните измени – Ванхојте се враќа во Македонија

Дејан Дејан

Два земјотреса на Тајван еден по друг со јачина над 5 степени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе