Вести Македонија

СДСМ: Наместо да застане зад државните позиции Мицкоски неосновано ја плаши јавноста со непостоечка асимилација

-Наместо да застане зад државните интереси, Христијан Мицкоски и на верски празник шири невистини, неосновано ја плаши јавноста, со што ги поткопува државните позиции. Нема да има никава асимилација на македонскиот народ, ниту граѓаните ниту СДСМ тоа ќе го дозволат, реагираат од владеачката СДСМ откако Мицкоски рече дека прифаќање на условите на Бугарија за преместување на ветото на самиот старт на преговарачкиот процес значи бугаризација и асимилација.

-Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ.  Ова е идентично однесување на Мицкоски кој лажеше дека државата ќе ни се распрачела, кој пред Бојко Борисов велеше дека „го поткрепа„ Договорот. Истиот тој Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека ќе се населеле еден милион мигранти, дека со Законот за јазиците секој ќе мора да учи друг јазик и што ли уште не. Тоа е Мицкоски, на денот кога сите се свртени кон духовното, тој продолжува да тера политиканство и лажни вести, реагираат од СДСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе