Вести Код Топ вести

КОД: Државното правобранителство поднело кривични пријави за обвинителите на СЈО, Артан Ајро и Гаврил Бубевски и тогашниот истражител Арафат Муареми

Овие  два идентични документи се доставени до две институции . Основното Јавно Обвинителство за гонење на организиран лкриминал  и корупција и Владата.

Кривична пријава

Стои во насловот на документот а поднесена е од Државното Правобранителство на Македонија Против :

1.Артан Ајро поранешен специјален обвинител во СЈО сега обвинител во Основното Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција

  1. Гаврил Бубевски поранешен специјален обвинител на СЈО сега Шеф на Основното јавно Обвинителство Скопје
  2. Арафат Муареми поранешен истражител во СЈО сега ЗДиректор на Управата за финансиска полиција
  3. Сеад Кочан поранешен сопственик на Трансмет

Кривичната пријава е поднесена поради основано сомнение за сторено кривично дело „Злосторничко здружување заради злоупотреба на службена положба и овластување“  и „Несовесно работење“.

Според кривичната пријава од Правобранителството: „Тие заедно и со меѓусебен договор , организирано во група, првопријавениот (Артан Ајро) и второ пријавениот (Гаврил Бубевски) во постапка пред суд , а третопријавениот (Аарафат Муареми) во истражна постапка знаејќи ја состојбата на имотот на четврто пријавениот)Сеад Кочан), дозволиле и не ги спречиле последиците настанати од незаконско постапување на страна на четвртопријавениот. Првопријавениот и второпријавениот според Кривичната пријава ,„не ги превзеле сите пропишани законски дејствија и правни средства, а кои биле должни да ги превземат во постапката“

Во пресудата на кривичниот суд од 10-ти Мај, 2017 со која судијката, Сандра Крстиќ, бара замрзнување на имотот а Трансмет, наведен е извештајот за проценка на имотот. Извештајот е со број П7/2017 за проценка а недвижен имот, сопственост на Трансмет а го направило друштвото за ревизија БДО ДОО Скопје, на 28-ми Април.

Поминале единаесет дена и на 9-ти Мај, Обвинителите од СЈО поднесуваат предлог за времена мерка за Трансмет за одземање на имотот.

Сеад Кочан случајно или не на истиот ден кога Обвинителите барале замрзнување на имотот тој  веќе го завршил префрлање на имотот од Трансмет на Тв Нова.

Според правобранителството , Обвинителите чекале 25 дена за да поднесат ново барање за замрзнување на имотот на Трансмет, по првото однивање од судот а од друга страна на денот кога побарале замрзнување не побарале ажурирање на податоците од катастарот.

Затоа правобраниотелството во кривичната пријава поднесена до Обвинителството за гонење на организиран криминал пишува дека:

Иако постои потврда за одбивање на уписот  на времената мерка врз имотот на  Сеад Кочан, која не може да се изврши од причини што како обвинето лице  правното лице Трансмет нема имот, бидејќи веќе бил продаден и отуѓен со Договор за купопродажба на недвижен имот и солемнизиран од Тв Нова. Со пропуштање на службено дејствие во постапката, не прибавување на ажурирани податоци од јавните книги на катастар на недвижности за состојба на имот на четврто пријавениот (Сеад Кочан), иако биле должни тоа да го проверат, а знаеле и морале да знаат дека постапката за изрекување мерка  проширена конфискација се  води по предлог на Јавното Обвинителство , НЕ ГО УРЕДИЛЕ Предлогот во оставениот рок од судот, тенденциозно и кога биле создадени законските услови за тоа и не превземале дејствија 25 дена, со што настанале штетни последици врз Буџетот на државата, РСМ.,,

Правобранителството наведува дека во истовреме и двајцата, Артан Ајро и Гаврил Бубевски како обвинители постапувале по предметот пред судот , за имот кој веќе бил опфатен со привремената мерка , се согласиле  во исто време имотот да биде  предмет на гаранција со цел укинување на мерката притвор со имот кој веќе е предмет на времена мерка да биде гаранција за  Сеад Кочан, иако сите пријавени според Правобранителстволто го знаеле тоа.

,, Со ваквото постапување и пропуштање дејствија во постапка, за прво пријавениот ( Артан Ајро)  , второпријавениот(Гаврил Бубевски)  и трето пријавениот (Арафат Муареми)  се укажува на фактот дека работеле организирано во група , заедно и со договор со четврто пријавениот Сеад Кочан , како и на фактот за постоење елементи за сторени дела организрано во група со договор како кривично делостои во Кривичната пријава што Јавното Правобранителство ја поднесе до Обвинителството а за тоа е известена и Владата.

Во прилог Правобранителството ги дава пресудите  на Основниот суд еден  и Апелациониот суд  како доказ дека двајцата обвинители Ајро и Бубевски и истражителот Арафат Муареми не извршиле проверка на имотот  иако имале и можеле да имаат сознание дека имотот е продаден на друго правно лице.  Бидејќи не побарале податоци од Договорот за купопродажба  на недвижен имот, солемнизиран кај нотарот Владимир Голубовски  на 03 05 2017  за имотот кој е отуѓен на ТВ НОВА.

Во исто време смета правобранителството,  тие не извршиле целосна проверка , дали е платен данок и во кој износ во Управата за јавни приходи , каде се уплатени средствата од извршената купопродажба , што според правобранителството придонело за цели 6 дена  поточно 4 дена (Од 03 Мај до 09 Мај 2017 година  ( 6 ти и седми биле викенд и неработни денови)  Целосно да се реализира договорот со упис во јавните книги  на недвижности со Катастар и запишан во имотен лист на ден 09 Мај каде сопственик се појавува дека е НОВА.

Правобранителствопто во кривичната пријава наведува и дека сите тројца, Ајро, Бубевски и Муареми воопшто не се обиделе  да утврдат кога е поднесено барањето до Агенцијата за катастар за недвижности за промена на носителот на правото на сопственост, ни како Агенцијата за катастар на недвижности толку брзо завршила со упишувањето на имотот.

Правобранителството додава и дека обвинителите кои постапувале во предметот Трансмет против Сеад Кочан  во кривичниот суд, за имот кој е веќе опфатен со привремена мерка се согласиле тој да биде гаранција и да се укине мерката притвор  за Сеад Кочан. Нагласено е и дека ниту кога бил поднесен предлогот за гаранција од Сеад Кочан  ниту по добивањето на одлуката не вложиле жалба за да ја осопорат гаранцијата со истиот недвижен имот.

Во кривичната пријава против нив стои:

,,Неспорно е дека имотот предмет на гаранција сега е во спопственост на државата , но токму како последица на вакво оргаљнизирано здружување и незаконито , нецелосно, и несовесно постапување  на сите пријавени , сега се предизвикани нови судски постапки  пред редовните судови , за утврдување ништовност  на правни дела  односно утврдување на неважечки правни дела“ .

Правобранителството смета дека овие правни дела требало да бидат оспорени со кривичната постапка по барање на јавниот Обвинител.

Правобранителството како доказ до Обвинителите од оранизиран криминал ја приложува пресудата  што Основниот граѓански суд ја донел на 30 Јули 2021 година.

Видно од  правосилната и кривична  пресуда предметните договори за хипотека во кривичната постапка не биле воопшто земени предвид и при одлуката да се спроведе конфискација и на овој недвижен имот не било назначено дека истиот бил оптоварен со кривичното дело и согласно тоа е извршена и конфискација  на имотна корист – но и на Апелациониот суд од 12 Ноември 2021 од Апелациониот суд во Скопје кој ја отфрла жалбата на тужителот Агенцијата за управување со недвижен имот стои дека:

Конкретно со правосилната и извршна пресуда на Основниот суд еден  во кривичната постапка не е утврдена намера на  трето тужениот Шпаркасе банка како доверител  и второтужениот Трансмет како хипотекарен должник дека правните дела –договорите за залог, заверени кај нотарката Весна Дончева од 18.12 2013 и 25.12 2015  ги склучиле со цел да ја намалат вредноста на предметниот недвижен имот. 

Ова значи дека кога е донесена пресудата во предметот Труст, бил конфускуван имот во вредност од 17,2 милиони евра од кои според пресметките дури 15 милиони евра тежеле хипотекарните долгови кон банките и доверителите на Трасмет.

Во кривичната пријава до Обвинителите, Правобранителоството тврди дека ,, Иако врз основа на правосилна судска пресуда  правото на сопственост на недвижен имот е пренесено на има на Агенцијата за управување со одземен имот, истиот имот е оптеретен со заложни права на повеќе различни доверители односно хипотеки.

,,Јавните обвинители кои постапувале по поднесеното обвинение застапувано од обвинителот Артан Ајро и обвинителот Гаврил Бубевски видно од првостепената пресуда, иако биле должни да ги преземат сите дејствија во постапката и тоа истакнување на барање за утврдување дека правните дела се неважечки и ништовност на истите, обвинителите не го сториле тоа, со што на директен начин ја оневозможиле државата слободно да располага со недвижниот имот предмет на конфискација и овозможиле од истиот да бидат наплатувани паричните побарувања на сите стечајни доверители, од каде произлегува дека се губи целта и смисолот на конфискацијата како мерка , наведува Правобранителството и како доказ приложува судски пресуди и додада дека обвинителите поднеле само жалба во однос на докомлетирање на предлогот за  гаранција а не е оспорен предлогот во делот на понудениот имот кој е предмет на решението за времена мерка.

На 15 05 2017 година Агенцијата за катастар  на недвижен имот  потврдува дека уписот на времената мерка не може да се изврши од причини што Трансмет нема имот.

Правобранителството смета дека истражителот Арафат Муареми не превземал дејства а бил должен да изврши увид во податоците за имотната состојба на Сеад Кочан и неговите постапки во меѓувреме.

Правобранителството забележува и дека не е побарана проширена конфискација од страна на обвинителите .

Во целиот предмет „Труст“ Државното правобранителство тврди дека не е повикано од страна на обвинителството, тогашно СЈО, и не учествувало во кривичната постапка како застапник по закон  затоа што државата е оштетена со кривичното дело на Трансмет и не можело да се произнесе по однос на штетата и да поднесе имотно правно побарување.

Агенцијата за управување со недвижен имот кога според пресудата во Труст  го превзема имотот вреден 17,2 милиони евра сфаѓа дека тој е даден сосе товар кој почнуваат да си го бараат  доверителите.

Агенцијата ја известува владата за ова а доставува и допис до Правбобранителството во 2020.

Тоа  ги советува,  Агенцијата да отвори постапка против еден од доверителите за прекинување на изврпшување.

Но бидејќи судовите сметаат дека Агенцијата за управување со одземен имот не е странка во таквата постапка Агенцијата побарала од државното правобранителство  насоки и упатства како компетентна институција како и на кој начин да постапи во текот на главната расправа.

Ова агенцијата го упатила со назнака итно во март 2021 ва година.

А во јули правобранителот го свикува првиот состанок на кој ги повикува сите засегнати страни да ги извести дека имотот на Трансмет кој требало да се конфиксува со предметот Труст всушност не е конфискуван.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Махмуд Абас со декрет најави формирање на нова палестинска влада- врвен приоритет ставање крај на војната во Газа

Дејан Дејан

До крајот на идната недела треба да се знае кој фирми ги исполнувата условите за нов снабдува со струја на домаќинствата

Дејан Дејан

Фирма од семејството на грчки Митилинеос, за 26 милиони евра ќе испорачува јаглен во РЕК Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе